среда, 16. новембар 2011.

Makedonski KOŠMAR

Već tri godine unazad u Makedoniji izlazi KOŠMAR, "првиот печатен хорор магазин" – ili preciznije rečeno, fanzin, koji gotovo isključivo sopstvenim tekstovima ispunjava Zlatko Geleski iz Skoplja.
            Evo kako ga autor opisuje: 
Кошмар е првиот печатен хорор магазин кој својот прв тестамент (издание) го имаше на 1 август 2008 година. Кошмар излегува периодично, три пати во годината и зад себе има девет тестаменти. Цената е 60 денари. Кошмар е хорор списание кое целосно е посветено на хорор културата, составено од анализи на модерни хорор филмови како и култни хорор филмови од минатото. Изобилува со авторски текстови за најразличните филмски хорор поджанрови, интервјуа, есеи, статии и колумни кои се фокусираат на луѓето кои го создаваат овој филмски жанр, хорор серијалите (како на големото, така и на малото платно) посветени исто така и на актуелната проблематика на самиот хорор жанр. Музиката и литературата кои користат хорор теми и мотиви и се дел од хорор културата го имаат пронајдено своето место и во Кошмар. Кошмар е хорор магазин направен од еден хорор фан наменет за сите македонски хорор фанови. Тоа е независно андерграунд списание, кое постои за да го слави името на хорор жанрот во Македонија.
            U dosadašnjim brojevima srpski autori i filmovi bili su poprilično prisutni: na koricama su bili i ZONA MRTVIH i SRPSKI FILM, a u jednom od prošlih brojeva nalazi se opširan intervju sa Mikijem Lakobrijom, balkanskim Savinijem.

            Taj trend se nastavlja i u najnovijem, okultno-numerisanom 11. broju. Elem, novembar je mesec našeg najvećeg državnog praznika, Dana Republike (29. novembar za vas, maloletne pratioce ovog bloga!) pa je stoga to mesec moje akcije "Od Vardara pa do Triglava". Kao što sam već najavio, u novembarskom broju slovenačkog EKRANA nalazi se – na slovenačkom - moj esej o Kronenbergu, a evo sada obznanjujem da se istovremeno u Makedoniji može – dakako, na makedonskom – u ovom feminističkom KOŠMARU pročitati i vrlo iscrpan intervju sa mnom.

            Verujte da makedonski uopšte nije toliko teško razumeti, ako se potrudite – uostalom, evo za probu originalne najave novog broja, pa ko voli – nek izvoli, i neka svoj primerak (cena je oko 1 evra!) naruči direktno od izdavača na mejl koshmarmk@yahoo.com : samo recite: "Ghoul me poslao" i biće sve OK!


Новиот број на Кошмар за лето 2011 година е во продажба
     
            Се состави коцката и Ксенобајтите излегоа од Пеколот. Излезе во продажба новиот број на македонското хорор списание Кошмар точно пред најголемиот празник на хорор фановите-Халоуин. Во духот на самот празнување, овој број на Кошмар е комплетирање на концептуалниот дуалитет кој беше започнат со претходниот број. Имено, во претходниот број беа задржани поавангардните, поуметничките хорор филмови, за да се отвори простор за акумулирање на најбизарните, најкрвавите и најбруталните модерни хорор филмови да заживеат во овој број. Се комплетираше целосната слика на два круцијални аспекти на хорор жанрот, уметничката експресија и бескомпромисната бруталност. Тоа остава простор секој хорор фан да си го пронајде тоа што му се допаѓа од самиот жанр. 
            Единаесеттиот тестамент на Кошмар е женски број наменет за мажи, барем според тоа што може да се заклучи од визуелната понуда. На насловна се наоѓа The Woman, а постерите на последните страни се High Tension и Possession. Не сакам да слушнам некој да рече дека е дискриминиран, има крв за сите. Во овој број на Кошмар објавени се интервјуата со еден од најдобрите европски хорор писатели Дејан Огњановиќ и интервјуто со контроверзниот канадски филмски гениј Карим Хусеин. Покрај честа да се има модерното ремек-дело на Лаки Мекки на насловна, од останатите модерни хорор филмови кои подлегнаа на сечилото од анализата на овој број се: Seconds Appart на Негрет и ирскиот Wake Wood, Вановиот Insidious и лудачкиот Grave Encounters, домашните инвазии во Kidnapped и Mother's Day на Боусман. Психолошките Luster и The Caller, слешерските продолженија Chromeskull: Laid To Rest 2 и Final Destination 5, бизарните Wound и Cold Fish. Во списанието се отвори простор и за нова рубрика која ќе ги тематизира независните брутални хорор филмови кои ќе се сепарираат од другата содржина во една крвава грајндхаус проекција во која може да прочитате за Psycho Holocaust и Maskhead. Во овој број секако дека има место и за новите хорор комедии: британската Attack The Block, јапонската Big Tits Zombie и романските Strigoi
Од хорорите од минатото, кои не смее да се заборават, своето место во списанието го најдоа: The Exorcist на Фридкин, Possession на Жулавски, психолошкиот Jacob's Ladder, Кроненберговиот Shivers, францускиот High Tension и The Mummy со Борис Карлоф. Контињер-от е полн со незначајни филмови кои секако дека треба да се заборават. Во Кошмар 11 ги има последните епизоди од втората сезона на Masters of Horror серијалот, анализа на првата сезона на The Walking Dead, приказ на филмскиот серијал за The Omen, третиот и четвртиот дел од шокументарците на Traces Of Death серијалот. Џо Данте е режисерот чија биографија и филмографија е приложена во бројот, а овој пат убијците од Фајрфлај семејството ја збогатија содржината на бројот. Како што може да се забележи од изборот на филмови доминира една хорор идеологија која можеби беше потаен предвесник на бројот, а тоа се Боди хорор филмовите кои ги има во поголем број во ова издание. 
Во овој број го има и извештајот од филмските хорор фестивали и тоа што ќе се подготвува во идина на полето на хорор кинематографијата. Музичките рецензии не се изоставени и доследно на концептот тука се грајндерските рецензии, рецензиите на хорор панк бендовите и саундтраците. Од литературниот аспект, во списанието има еден есеј за тоа што значи пиратеријата и зошто таа постои, анализа на збирка раскази од српскиот автор Ненад Стакиќ и бизарен расказ на авторот на Кошмар.   
            Цената останува иста (60 денари), бројот на страните останува ист (40), форматот исто така е идентичен (А4), но различна е неговата внатрешност, испечатена на крвавите страни. Овој Халоуин поминете го со маска на лицето, јаболко со жилет во едната рака и Кошмар во другата. Новиот број, како и претходниот број на Кошмар, ќе може да ги купите и на Мракфест, ревијата на современ хорор филм кој ќе се одржи од 30 октомври до 3 ноември. Уживајте во хорор филмовите и читајте Кошмар